• среда, 13 ноември 2024

Кнајсел бара рехабилитација за Асанж

Кнајсел бара рехабилитација за Асанж
Виена, 21 февруари 2020 (МИА) - Поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнајсел побара рехабилитација за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Таа истакна дека со извештајот на специјалниот известувач на ОН за злоставување, Нилс Мелцер се случил пресврт во целиот случај. Според неа, сега се потребни политички последици. - Станува збор дека тој човек треба да се рехабилитира, нагласи Кнајсел, укажувајќи дека Асанж претставува предупредување како „во демократските општества свиркачите се замолчуваат“. Поранешната шефица на австриската дипломатија потсети дека Асанж бил обвинет за силување, кое воопшто не се случило. - Тоа е посебно перфидно во целиот случај. Асанж имаше храброст и сега неговиот живот е уништен, истакна Кнајсел. гт/

Остани поврзан