• недела, 24 ноември 2024

Кнаус: Тоа што го видовме од Бугарија е за жалење и не е ниту во нејзин национален интерес

Кнаус: Тоа што го видовме од Бугарија е за жалење и не е ниту во нејзин национален интерес
Скопје, 18 јануари 2021 (МИА) - Тоа што го видовме од Бугарија е за жалење и не е во национален интерес на Бугарија, вели Гералд Кнаус, авторот на идејата за членство на Западен Балкан во Европската економска зона, прашан како гледа на бугарските барања и дали е можна промена. Кнаус, во интервју за телевизија Канал 5, посочува дека на крајот Бугарија ќе сфати дека не може да наметнува нешто, што тие мислат дека е, на друг народ, но и дека се надева дека тоа ќе се случи набрзо, зошто не би сакале да изгубиме три години. - Договорот со Грција ја прави вашата позиција посилна. Вашата Влада секогаш велеше ние сме Македонци, говориме на македонски јазик и мислам дека доколку оваа порака биде силна и ако Бугарија размисли и види дека е во нејзин интерес да има стабилен и пријателски сосед. На крајот не е важно што тие мислат за историјата на 19. или 20. век, нема да променат што мислите вие, бидејќи тоа не е европејски, вели Кнаус. Според Кнаус, кога ќе станеме дел до Европската економска зона, предрасудите за земјите од Западен Балкан ќе исчезнат бидејќи ќе видат дека 80 проценти од работата е завршена и ќе имаме посилни аргументи за членство. - Тоа не е алтернатива, тоа не смее никогаш да биде алтернатива, но е конкретен преоден чекор кој е привлечен за граѓаните и овозможува на владите да не намалат со реформите, порачува Кнаус во интевју за телевизија Канал 5. Прашан, како е процесот, дали треба да аплицираме на некој начин или да добиеме покана, Кнаус, вели дека ЕУ треба да појасни се што некоја земја треба да реформира за целосно да биде дел од четирите слободи - слободата на луѓе, капитал, услуги и стоки, и да нема повеќе видливи граници меѓу нашата земја и ЕУ. - Се што е потребно да се реформира за да се дојде до таа фаза треба ЕУ да го утврди. Ова беа работите кои мораше да ги усвои Норвешка, значи познати ни се кои се. Во исто време, потребно ви е владеење на правото, не може да се зачлените во единствениот пазар без да имате веродостојни независни судови, обвинители, човекови права, изјави Кнаус. За тоа колку долго трае овој процес, Кнаус, смета дека се зависи од која позиција тргнуваме. - Според објективната анализа на самата Европската комисија, Северна Македонија денеска го исполнува законодавството на ЕУ исто како и Србија и Црна Гора. Дури и без преговори сте на исто рамниште со двете предводнички во преговорите. Ако имате Влада која е посветена како што беше во изминатите две години да ги исполнува реформите, ако имате општество кое го посакува, ако имате академици, тинк-тенкови, бизниси, интересни групи кои го гледаат ова како кредибилно, можете да го исполните ова за неколку години, вели Кнаус. аа/нд/

Остани поврзан