Кметовска најкорисна кошаркарка на финалниот турнир од македонскиот куп
- Ивана Кметовска е најкорисната кошаркарка на финалниот турнир на женскиот кошаркарски куп одржан викендот во Македонска Каменица.
Македонска Каменица, 23 февруари 2026 (МИА) – Ивана Кметовска е најкорисната кошаркарка на финалниот турнир на женскиот кошаркарски куп одржан викендот во Македонска Каменица.
Актуелната македонска репрезентативка одигра два одлични натпревара и апсолутно заслужено ја доби главната индивидуална награда на турнирот.
Во финалниот меч, вчеравечер против Крива Паланка, Кметовска постигна 24 поени со висок процент на реализација во обидите за два поена (10/13 односно 76% на реализација, и 4/7 за еден поен). На тоа додаде и девет скока, по една блокада и освоена топка и пет загубени за 33:52 минути во игра.
Баскет кам го доби натпреварот со 74:68 и го одбрани трофејот. Сега тимот од Македонска Каменица има четири куп титули. зс/
Фото: КФСМ