• среда, 25 декември 2024

Клучниот ИТ систем на аеродромот во Сплит е завршен

Клучниот ИТ систем на аеродромот во Сплит е завршен

Загреб, 24 јули 2024 (МИА) - Помошникот директор на сплитскиот аеродром, Перо Билас, денеска соопшти дека е воспоставен клучен информациски систем, што беше урнат со хакерски напад во понеделникот вечерта и предизвика прекин на воздушниот сообраќај.

Тој нагласи дека е во функција клучниот ИТ систем за прием и испраќање на патници, како и на авиони, и дека се работи за сложен систем.

Билас додаде дека се уште е потребно да се ажурираат сите податоци и да се направат конечни корекции. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан