• недела, 24 ноември 2024

Клуни поднесе оставка поради британскиот закон за внатрешен пазар

Клуни поднесе оставка поради британскиот закон за внатрешен пазар
Лондон, 18 септември 2020 (МИА) - Амал Клуни, истакната адвокатка за човекови права, поднесе оставка од функцијата специјална претставничка на Велика Британија за слобода на медиумите во знак на протест против намерата на Владата да го прекрши меѓународното право со донесување закон за внатрешен пазар „Во жестоката осуда на заканата на британскиот премиер Борис Џонсон дека ќе ги прекрши британските меѓународни договорни обврски во договорот за повлекување од ЕУ, таа ги оцени постапките на Владата како жалосни“, објави „Гардијан“. Нејзината оставка следи откако Рикард Кин, владин правен службеник за Шкотска, поднесе оставка во средата, бидејќи се спротивстави на истиот закон. Една недела порано, главниот владин адвокат Џонатан Џонс исто така поднесе оставка додека министрите се подготвуваа да го објават законот. паг/

Остани поврзан