• недела, 24 ноември 2024

Клуге: Украина е голема хуманитарна катастрофа

Клуге: Украина е голема хуманитарна катастрофа
Копенхаген, 8 март 2022 (МИА) - Регионалниот директор на Светска здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуге изјави дека инвазијата врз Украина е „голема хуманитарна катастрофа“. Тој за Би-Би-Си Ворлд (BBC World) истакна дека СЗО сега има три приоритети. Клуге како прв приоритет го наведе обезбедувањето  медицински материјали за погодените области во Украина, пред сè кислород, но и комплети за траума и основна здравствена заштита како третмани за дијабетес и срцеви заболувања. Втор приоритет на СЗО е зајакнување на системите за здравствена заштита во соседните држави на Украина, каде расте бројот на бегалци продолжува да расте. Додека трет приоритет е отворање на оперативен центар на СЗО во Украина. ми/

Остани поврзан