• среда, 25 декември 2024

Клуге: Борбата против коронавирусот се уште не е завршена

Клуге: Борбата против коронавирусот се уште не е завршена
Женева, 7 јуни 2021 (МИА) - Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге истакна дека Европа, покрај добрите показатели, сè уште не ја завршила борбата против коронавирусот и дека сега сите земји на стариот континент мора да покажат солидарност и да работат заедно на забрзана и широка имунизација на граѓаните. Клуге организираше видео конференција насловена „Патоказ за здравство на Западен Балкан 21-25“, на која присуствуваа министрите за здравство од Југоисточна Европа и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, кој истакна дека по пандемијата, во јавното здравство, но и во сите други области ништо повеќе нема да биде исто. Верхеји најави и програма за поддршка на здравствените системи на земјите од Југоисточна Европа, во вредност од 28 милијарди евра, до 2025 година, со цел да се надминат последиците од пандемијата и понатамошно подобрување на здравствените системи, се додава во соопштението. паг/  

Остани поврзан