• среда, 25 декември 2024

Клубови од Серија А бараат да се одложи почетокот на новата сезона за една недела

Клубови од Серија А бараат да се одложи почетокот на новата сезона за една недела
Милано, 27 август 2020 (МИА) - Клубовите во Серија А бараат од раководството на лигата да го одложат почетокот на новата сезона за една недела. Според „Football Italia“ Интер ја предводи групата на овие клубови. Забележано е дека раководството на „неро-азурите“ веќе доставило официјално барање до лигата за дополнителна недела одмор пред почетокот на сезоната. Се претпоставува дека доколку лигата му излезе во пресрет на Интер, клубот од Милано ќе го започне своето учество во шампионатот од 2. коло, кое ќе се одржи на 26-27 септември, а натпреварот од 1. коло со нивно учество ќе биде одложен. Почетокот на новата сезона во Италијанскиот фудбалски шампионат е закажан за 19 септември. За потсетување Интер ја заврши сезоната на 21 август, играјќи во финалето на Лига Европа со Севиља (2:3). зс/

Остани поврзан