• среда, 25 декември 2024

Клубови од Саудиска Арабија до 2023 година ќе потрошат 20 милијарди евра за трансфери

Клубови од Саудиска Арабија до 2023 година ќе потрошат 20 милијарди евра за трансфери

Ријад, 25 јули 2023 (МИА) - Саудиската влада им обезбеди на локалните клубови околу 20 милијарди евра за трансфери на фудбалери до 2030 година, објави новинарот Бен Џејкобс.

 

Вчера се дозна дека Ал-Хилал му понудил на ПСЖ да го купи напаѓачот Килијан Мбапе за 300 милиони евра. Договорот на Французинот ќе вклучува плата од 700 милиони евра годишно и заминување во 2024 година во Реал Мадрид.

 

Беше објавено дека парижаните ја прифатиле понудата.

 

Според Џејкобс државното финансирање за фудбалски трансфери е обезбедено од Министерството за спорт на Саудиска Арабија. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан