• петок, 08 ноември 2024

Клоп ќе ја предводи Борусија на ревијален натпревар

Клоп ќе ја предводи Борусија на ревијален натпревар

Дортмунд, 17 август 2024 (МИА) - Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе учествува во прошталниот натпревар на поранешните фудбалери на Борусија, Лукаш Пишчек и Јакуб Блашчиковски, соопшти прес-службата на клубот од Дортмунд.

Екипите на Пишчек и Блашчиковски ќе играат еден против друг на 7 септември. Натпреварот ќе се одигра во Дортмунд на „Сигнал Идуна Парк“. Клоп ќе води еден од тимовите.

- Ќе постапам како и обично - ќе почнам да размислувам за натпреварот пет минути пред да започне, се пошегува 57-годишникот во видеото објавено од Борусија.

Клоп летово го напушти Ливерпул, кој го водеше од 2015 година. Германецот од 2008 до 2015 година беше тренер на Борусија каде под негово водство играа Пишчек и Блашчиковски. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан