• четврток, 26 декември 2024

Клоп се надева дека Вајналдум ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул

Клоп се надева дека Вајналдум ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул
Ливерпул, 7 декември 2020 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се надева дека играчот за врска Џорџињо Вајналдум ќе го продолжи договорот со клубот, објави „Goal.com“. - Уверен сум дека Вајналдум ќе потпише нов договор. Сега имаме многу добар тим и Холанѓанецот игра важна улога, истакна Клоп по синоќашната победа над Вулверхемптон со 4:0. Договорот на 30-годишниот Холанѓанец со „Мерсисајдовите“ истекува следното лето. Вајналдум оваа сезона одигра 11 натпревари и постигна еден гол. зс/

Остани поврзан