• понеделник, 02 септември 2024

Клоп ги отфрли тврдењата на Гвардиола дека сите навиваат за Ливерпул

Клоп ги отфрли тврдењата на Гвардиола дека сите навиваат за Ливерпул
Скопје, 10 мај 2022 (МИА) - Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул, ги отфрли тврдењата на Пеп Гвардиола дека неутралните навивачи го поддржуваат Ливерпул, а не Манчестер Сити во трката за титулата во Премиер лигата. Гвардиола го изјави ова веднаш откако неговиот тим го победи Њукасл Јунајтед со 5-0, освојувајќи три бода повеќе од Ливерпул на врвот на табелата со три натпревари до крајот. Менаџерот на Сити рече дека е „природно“ луѓето да сакаат да видат успешен тим со историја на Ливерпул. Клоп одговори дека тоа не е чувството што го добива кога одат на други места. - Јас живеам во Ливерпул и да, многу луѓе овде сакаат да ја освоиме лигата, тоа е вистина, но дури и овде тоа е само 50 отсто. Не знам дали цела земја навива за нас, немам таков впечаток кога одиме да играме натпревари, напротив. Можеби тој знае повеќе за тоа од мене, рече Клоп. ар/ац/

Остани поврзан