• недела, 01 септември 2024

Клоп: Артета е исклучителен тренер. Арсенал има добра рамнотежа помеѓу одбраната и нападот

Клоп: Артета е исклучителен тренер. Арсенал има добра рамнотежа помеѓу одбраната и нападот
Лондон, 25 септември 2020 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели своите очекувања за натпреварот од 3. коло во Премиер лигата против Арсенал, предводен од Микел Артета.
  • Не сум сигурен дали вреди да се спореди овој Арсенал со минатата сезона. Но, Микел Артета очигледно за многу краток временски период покажа дека е исклучителен тренер. Тимот што тој го гради сега - неговата структура - е апсолутно исклучителен.
Можете да видите дека рамнотежата помеѓу одбраната и нападот е добра. Може да видите многу работи што се многу корисни во фудбалот - добра организација, слобода за играчите, користење на играчите на вистинските позиции. Морам да кажам дека откако Артета е на чело на клубот, тој заврши импресивна работа и, според мое мислење, го смени целото расположение. Не знам точно какво расположение имаше тимот пред неговото доаѓање, но не мислам дека многумина очекуваа дека на крајот на сезоната тој ќе освои некој трофеј или нешто слично. И тоа го стори со освојување на ФА купот и Суперкупот. Ова е импресивно, морам да кажам. Значи, имаме тежок, тежок, тежок противник. Сто проценти, рече Клоп. зс/

Остани поврзан