• четврток, 19 декември 2024

Клоп, Флик и Нагелсман, кандидати за тренер на годината

Клоп, Флик и Нагелсман, кандидати за тренер на годината
Нион, 23 септември 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација прогласи тројца претенденти за титула европски тренер на годината. Тоа се Јирген Клоп (Ливерпул), Ханс-Дитер Флик (Баерн) и Јулијан Нагелсман (Лајпциг). Клоп стана шампион на Англија со Ливерпул, Флик ги освои Лигата на шампионите, Купот на Германија и Бундеслигата, а Нагелсман се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите и со 33 години стана најмладиот тренер кој се пласираше во плејофот на турнирот. Во Топ 10 се најдоа и: 4. Томас Тухел (ПСЖ) - 76 поени 5. Џанпјеро Гасперини (Аталанта) - 68 поени 6. Хулен Лопетеги (Севиља) - 57 поени 7. Руди Гарсија (Лион) - 32 поени 8. Зинедин Зидан (Реал Мадрид) - 25 поени 9. Хосеп Гвардиола (Манчестер сити) - 11 поени 10. Антонио Конте (Интер) - 9 поени. Во гласањето учествуваат 80 тренери од клубови кои учествуваа во групната фаза на УЕФА во Лигата на шампионите 2019/20 (32) и Лигата на Европа 2019/20 (48), како и 55 новинари од сите здруженија на УЕФА, избрани од Европската асоцијација на спортски медиуми. Победникот ќе биде објавен пред ждрепката за ЛШ 2020/21 на 1 октомври. зс/

Остани поврзан