• вторник, 24 декември 2024

КЛМ почна да превезува дел од блокираните патници во Амстердам

КЛМ почна да превезува дел од блокираните патници во Амстердам
Амстердам, 5 јуни 2022 (МИА) - Холандската авиокомпанија КЛМ денеска почна да превезува во Амстердам голем дел од патниците блокирани вчера во различни европски земји, јави ДПА. „Во исто време, авиокомпанијата работи на изнаоѓање нови летови за луѓето кои мораа да патуваат од аеродромот 'Шипхол' вчера и кои ги загубија своите врски“, изјави портпаролот на КЛМ за холандската новинска агенција АНП. „Состојбата донекаде се смири, но се уште е неизвесно дали сите заглавени патници ќе се качат на алтернативни летови. КЛМ сака да нагласи дека прави максимални напори да им понуди на патниците алтернативни летови што е можно поскоро“, рече портпаролот. Поради значително доцнење на регистрацијата на патниците и обработката на патните исправи и багажот на „Шипхол“, КЛМ вчера по 17 часот го прекина превозот на луѓе од европските аеродроми до Амстердам. Според АНП, вкупно 42 авиони се вратиле празни во Амстердам. паг/  

Остани поврзан