• четврток, 26 декември 2024

Кличко: Руските сили и покрај повлекувањето не се откажаа од заземање на Киев

Кличко: Руските сили и покрај повлекувањето не се откажаа од заземање на Киев
Киев, 11 април 2022 (МИА) - Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека повлекувањето на руските сили не значи дека се откажале од заземање на главниот град на Украина. -  Фактот што непријателот се повлече од Киев не значи дека тој се откажал од желбата да го заземе главниот град, истакна Кличко. Тој додаде дека е невозможно да се исклучи нов обид на руските сили да го заземат Киев за два дена. - Главниот град мора и понатаму да биде подготвен за одбрана, посочи Кличко. Тој истакна  дека „окупаторите продолжуваат да вршат злосторства и геноцид врз украинскиот народ во регионите што ги освоиле“. ми/

Остани поврзан