• четврток, 26 декември 2024

Кличко: Две третини од жителите на Киев се вратија во градот

Кличко: Две третини од жителите на Киев се вратија во градот
Киев, 14 април 2022 (МИА) - Две третини од жителите на Киев, кои го напуштија градот на почетокот од војната со Русија, веќе се вратија дома, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. - Луѓе се враќаат секојдневно, и покрај препораките. Но, ние не можеме да забраниме. Можеме само да препорачаме, појасни Кличко, јави Униан. Како што истакна градоначалникот, сè уште не вреди луѓето да се враќаат во градот, затоа што јавниот превоз не работи, а на пунктовите има контроли. Кличко нагласи дека градските власти се потпираат исклучиво на препораките од војската, од каде предупредуваат дека постои закана од ракетни напади на градот. бд/сд/

Остани поврзан