• недела, 06 октомври 2024

Кличко: Во Киев одекнаа неколку експлозии

Кличко: Во Киев одекнаа неколку експлозии
Киев, 20 март 2022 (МИА) - Неколку експлозии одекнаа вечерва во Подол, историскиот кварт на Киев, изјави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко. Како што наведе тој, во гранатирањето биле погодени станбени куќи и трговски кварт во округот. - Според информациите што ги имаме во моментов, погодени се неколку куќи и еден од трговските центри, објави Кличко на Телеграм. Тој додаде дека на местото на нападот пристигнале спасувачки екипи, медицински работници и полиција. Западните медиуми напоменуваат дека не можат независно да ја потврдат оваа информација. гт/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан