• недела, 28 јули 2024

Клиперси сакаат да го ангажираат Рондо

Клиперси сакаат да го ангажираат Рондо
Лос Анџелес, 29 октомври 2020 (МИА) – Лос Анџелес клиперс се заинтересирани за плејмејкерот на Лос Анџелес лејкерс Раџон Рондо. Според новинарот на „Њујорк тајмс“ Марк Штајн, Клиперс ќе му понуди во ноември договор на 34-годишниот кошаркар откако ќе се отвори пазарот за слободни играчи. Претходно, самиот Рондо објави дека нема да ја активира опцијата да го продолжи договорот со Лејкерс за сезоната 2020/21. Објавено е дека „езерата“ сакаат да го задржат кошаркарот, но Клиперс се подготвени да му дадат подобра финансиската понуда. Во сезоната 2019/20, Рондо имаше просек од 7,1 поен и пет асистенции за Лејкерси. зс/

Остани поврзан