• вторник, 12 ноември 2024

Клиниките се подготвуваат за прием на редовните пациенти од следната недела

Клиниките се подготвуваат за прием на редовните пациенти од следната недела
Скопје, 20 мај 2020 (МИА) - Од следната недела најверојатно ќе бидат во функција клиниките за да можат да ги примаат редовните пациенти, според однапред утврдени протоколи, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање кога ќе се нормализира јавното здравство за да може да прима редовни пациенти. Рече дека се уште се подготвуваат капацитетите на клиниките, затоа што добар дел од нив, како што рече, работат по системот на пауза по една до две недели, штедејќи го медицинскиот персонал. - Очигледно дека тој притисок во болниците сериозно попушта и вистински интензивно ние го избегнавме тоа. Веќе сите имаат добиено задолженија да ги организираат и редовните програми, направени се списоци на пациенти и интервенции што беа одложувани, рече Филипче. Појасни дека сето тоа ќе оди во координација со системот за закажување Мој термин, што ќе работи според нов протокол при кој прегледите ќе траат 20-30 минути за да се избегнат гужвите во амбулантите. - Сакаме сето тоа убаво да го подготвиме, да не брзаме, а истовремено сериозно го следиме и бројот на пациенти коишто се лекуваат од Ковид и во болницата „8 Септември“ и на Инфективната клиника, рече министерот. Повторно апелираше на почитување на мерките и граѓаните да се навикнат на новата реалност, а тоа е задолжително носење маски и почитување на другите мерки за заштита, се додека, како што рече, не се направи вакцина за Ковид во 2021 година. нд/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан