• четврток, 26 декември 2024

Клиниките во Салцбург пред колапс

Клиниките во Салцбург пред колапс
Виена, 16 ноември 2021 (МИА) - Управата на покраинските клиники во Салцбург (САЛК) бара помош поради преоптовареност, истакнувајќи оти набрзо нема да можат да гарантираат лекување на пациентите по медицинските стандарди. Директорот на САЛК, Паул Сунглер предупредува дека ќе настане вонредна состојба, истакнувајќи оти на нековид одделенијата недостигаат 272 кревети, како и дека наскоро нема да има доволно лекари на располагање. - Апелираме на политички одговорните лица да преземат мерки за да се намали бранот инфекции, истакна Сунглер. Како прва мерка, провинциските власти наредија затворање на центрите за рехабилитација и префрлање на пациенти кои не се заразени со Ковид-19 кај нив. Се преговара и со приватни болници за преземање на операциите. ми/

Остани поврзан