• петок, 27 декември 2024

Клиниката „Св.Наум Охридски" - Скопје одбележува 60 години постоење

Клиниката „Св.Наум Охридски
Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) -  По повод 60 години од основањето на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски" - Скопје, денеска ќе се одржи свечена академија. Универзитетската Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ - Скопје веќе 60 години со успех функционира во дијагностицирањето и третманот на хируршките болни како значаен дел во системот на јавните здравствени институции. Во просторните капацитети на Kлиниката со површина од 7500 метри квадратни и капацитет за 100 лежечки болни, годишно се извршуваат повеќе од 200.000 амбулантско поликлинички услуги, прегледи, интервенции и дијагностички процедури. Се хоспитализираат околу 6000 пациенти и се извршуваат повеќе од 3800 оперативни зафати. Клиниката денес претставува современа хируршка установа чија кадровска структура е со вкупен број од 322 вработени. дма/бак/  

Остани поврзан