• сабота, 23 ноември 2024

Климатските активисти окупираа универзитети во Австрија

Климатските активисти окупираа универзитети во Австрија
Виена, 17 ноември 2022 (МИА) – Климатските активисти од меѓународното движење „Крај за фосилите: Окупирај“ (End Fossil: Occupy) од синоќа окупираа простории на универзитетите во Виена, во Инсбрук и во Салцбург и најавија дека нивна акција не е временски ограничена. Акцијата е наречена „Земјата гори“, со којашто бараат што побрзо да престане употребата на фосилни горива. Тие исто така бараат поправеден образовен и социјален систем и повеќе средства за високото образование. Управите на универзитетите соопштија дека протестите засега ги сфаќаат како акциите. Воедно беше најавено дека сакаат заеднички да пристапат кон дискусија за климатските промени. ми/

Остани поврзан