• четврток, 26 декември 2024

Кликс: Обвинителството на БиХ покрена обвинение против Милорад Додик

Кликс: Обвинителството на БиХ покрена обвинение против Милорад Додик

Сараево, 11 август 2023 (МИА) - Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинителен акт против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и в.д. директорот на Службен весник на РС, Милош Лукиќ, потврдено е денеска за сараевскиот портал Кликс. 

Причина за поднесување на обвинението е, како што се наведува, неизвршување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит според новиот член од Кривичниот законик, што го наметна високиот претставник. 

Република Српска не го признава Шмит за висок претставник бидејќи тој не е назначен во Советот за безбедност на ОН, како што е предвидено во Дејтонскиот договор. 

Имено, Додик неодамна го потпиша Указот за објавување на Законот за необјавување на одлуките на високиот претставник за БиХ во Службен весник на РС, како и Указот за објавување на Законот за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на БиХ на територијата на Република Српска. 

Одлуката на обвинителството на Босна и Херцеговина е испратена на потврдување во Судот на БиХ. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан