• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кливленд ја освои Источната конференција во НБА

Кливленд ја освои Источната конференција во НБА

Кливленд, 9 април 2025 (МИА) – Екипата на Кливленд кавалирс ноќеска го победи Чикаго булс и го обезбеди првото место во Источната конференција на НБА-лигата.

Натпреварот се одигра во Кливленд и заврши со резултат 135:113 за домашниот тим.

Дариус Гарланд постигна 28 поени за победниците, а Еван Мобли постигна 21 поен и 12 скока со што направи дабл-дабл. 

Најдобар стрелец кај Чикаго беше Патрик Вилијамс со 21 поен, додека Џејлен Смит имаше дабл-дабл (13 поени и 10 скока).

Кливленд, кој веќе има 63 победи и загуби 16, го обезбеди првото место во Источната конференција на три натпревари до крајот на сезоната. Чикаго е на десеттото место со 36 победи и 43 порази. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан