• петок, 27 декември 2024

Кливленд на Ален ќе му понуди договор вреден 100 милиони долари

Кливленд на Ален ќе му понуди договор вреден 100 милиони долари
Кливленд, 22 март 2021 (МИА) - Кошаркарскиот клуб Кливленд е подготвен да му понуди на центарот Џарет Ален нов договор вреден 100 милиони долари, објави инсајдерот на „Cleveland.com“ Крис Федор. - Сумата може да достигне 100 милиони долари или дури и повеќе. Неговата плата ќе биде околу 20 милиони долари годишно. Дваесет и двегодишниот центар ќе биде еден од најдобрите слободни агенти, напиша новинарот. Ален во тековната сезона има просек од 13 поени и 10 скока по натпревар. зс/

Остани поврзан