• сабота, 28 декември 2024

Клајстерс доживеа пораз при нејзиното враќање на теренот

Клајстерс доживеа пораз при нејзиното враќање на теренот
Дубаи, 17 февруари 2020 (МИА) - Ким Клајстерс се врати во професионалниот тенис со прилично очекуван пораз. 36-годишната Белгијка, поранешна број 1 во светот и освојувач на 4 Гренд-слем титули, загуби со 2: 6, 6: 7 (6) од друг поранешен лидер на ВТА, Гарбине Мугуруза во првото коло од силниот турнир во Дубаи. Мугуруза доцна се приклучи на турнирот во „вајлд карта“ и првично требаше да игра со Украинката Елина Свитолина, но откажувањето на Холанѓанката Кики Бертенс наметна измени во шемата и Мугуруза излезе против Клајстерс. За Белгијката тоа беше првиот натпревар по скоро осум години. Клајстерс се враќа во професионалниот тенис по втор пат. Првично се пензионираше во 2007 година за да се омажи и да го роди своето прво дете, а во 2009 година се врати. Таа по нејзиното враќање освои 3 од нејзините 4 Гренд-слем титули, но ја заврши кариерата по втор пат по УС Опен 2012. Сега таа повторно е назад, добивајќи „вајлд карта“ од организаторите на турнирот во Дубаи, иако нејзините првични планови требаше да бидат настап на Австралија опен. Сепак, повредата го одложи враќањето на Белгијката.

Остани поврзан