• недела, 29 декември 2024

Клајстерс доби „вајлд-карта“ за Индијан Велс

Клајстерс доби „вајлд-карта“ за Индијан Велс
Индијанаполис, 28 февруари 2020 (МИА) - Белгијката Ким Клајстерс, која на возраст од 36 години ја продолжи тениската кариера, доби „вајлд-карта“ за претстојниот турнир во Индијан Велс, САД, објавија организаторите. Клајстерс победи на турнирот во јужна Калифорнија во 2003 и 2005 година, но не учествувала на неа од 2011 година. Поранешната лидерка на светската ВТА листа се врати на теренот по осумгодишно отсуство претходно овој месец на турнирот во Дубаи, каде загуби на стартот во два сета од шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза. Организаторите исто така објавија дека првиот и вториот на светска ранг-листа - Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал - ќе добијат „вајлд-карта“ за турнирот во двојки. Ѓоковиќ ќе се здружи со својот сонародник Виктор Троицки, со кого го освоија АТП Купот претходно оваа година, додека Надал ќе биде партнер со Марк Лопез, кој ја освои титулата во Индијан Велс во 2010 и 2012 година. Турнирот започнува на 9 март.

Остани поврзан