• недела, 24 ноември 2024

Клаус: УНРВА нема „план Б“ доколку се прекине нејзиното финансирање во март

Клаус: УНРВА нема „план Б“ доколку се прекине нејзиното финансирање во март

Бејрут, 22 февруари 2024 (МИА) - Агенцијата на ОН за палестински бегалци УНРВА (UNRWA) нема „план Б“ доколку земјите донатори кои го откажаа финансирањето по обвинувањата на Израел продолжат со суспензијата во март, изјави денеска директорката на канцеларијата на УНРВА во Либан, Дороти Клаус. 

Израел обвини 12 од 13.000 вработени на УНРВА во Појасот Газа за учество во нападот на Хамас врз Израел минатата година, објавија британските медиуми. 

Шеснаесет земји го суспендираа финансирањето на УНРВА во очекување на истрага од канцеларијата на надзорното тело на ОН, која Клаус рече дека ќе биде готова за неколку недели. 

-Се надеваме дека што е можно повеќе донатори ќе ја известат агенцијата дека ќе го преиспитаат замрзнувањето на финансирањето и дека средствата ќе и бидат вратени на агенцијата, се надеваме дека нема да имаме проблем со протокот на пари и дека службите ќе продолжи без прекин, рече таа и посочи дека УНРВА нема „план Б“. 

Во Либан, УНРВА управува со работењето на 12 бегалски кампови, обезбедувајќи услуги кои се движат од здравствена заштита и образование до собирање ѓубре. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан