• среда, 27 ноември 2024

Клаудија Шајнбаум и официјално е прогласена за нов претседател на Мексико

Клаудија Шајнбаум и официјално е прогласена за нов претседател на Мексико

Мексико Сити, 16 август 2024 (МИА) - Клаудија Шајнбаум, која на 2 јуни победи на претседателските избори во Мексико, вчера и официјално беше прогласена за новоизбран претседател на Мексико, што ја прави првата жена на оваа позиција во Мексико.

Поранешната градоначалничка на Мексико Сити на мала свеченост ја доби правната одлука со која се прогласува за следен претседател на земјата.

Одлуката досега беше одложувана поради жалбите пред сојузното изборно тело.

Шејнбаум победи со речиси 60 отсто од гласовите, двојно повеќе од нејзиниот најблизок конкурент Ксочитл Галвез.

Свечената претседателска заклетва таа ќе ја положи на 1 октомври, што е промена од досегашната традиција заклетвата да се положува на 1 декември. Преодниот период беше скратен откако мексиканските пратеници оценија дека претседателите во заминување се предолго на функцијата.

Шајнбаум ќе има шестгодишен мандат до 2030 година , а на Мексиканците им вети дека ќе ги следи сите политики на нејзиниот претходник и политички ментор, претседателот во заминување Андрес Мануел Лопез Обрадор.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан