• петок, 27 декември 2024

Клавирот на Фреди Меркјури продаден на наддавање за два милиони евра

Клавирот на Фреди Меркјури продаден на наддавање за два милиони евра

Лондон, 7 септември 2023 (МИА) - Малиот концертен клавир на Фреди Меркјури, на којшто тој ги компонираше речиси сите негови партитури од „Боемска рапсодија“ е продаден вчеравечер за 1.742.000 фунти (околу два милиони евра) на аукција во „Сотби“ во Лондон. Taa „Јамаха Г-2“ беше главната понуда на наддавањето со илјадници предмети што му припаѓале на пејачот.

Проценетата вредност за клавирот што ја објави аукциската куќа „Сотби“ изнесуваше два до три милиони фунти (2,3 до 3,5 милиони евра).

Британскиот пејач инаку роден како Фарок Булсара, кој почина од СИДА во 1991 година на 45-годишна возраст, го купил пијаното во 1975 година за илјада фунти. Самиот ракопис на „Bohemian Rhapsody“ - веројатно најголемиот хит на неговата група „ Квин“ којшто беше дел од албумот „A Night At The Opera“ од 1975 година, е продаден за 1,3 милиони фунти (1,6 милиони евра).

Тие 15 страници испишани со молив и хемиско пенкало ги откриваат различните насоки на уметникот при создавањето на оваа песна, којашто првично требало да се нарече „монголска рапсодија“, наместо „боемска“.  си/

Фото: Википедија.

Остани поврзан