КК Крива Паланка го победи Пробаскет и се врати на врвот на табелата во женска прволигашка конкуренција
- Крива Паланка, 9 февруари 2026, ( МИА) – Со синоќашната победа над кавадаречкиот женски прволигаш,„Пробаскет“, тимот на КК Крива Паланка уште еднаш докажа дека игра квалитетна кошарка и заслужено се најде повторно на првото место во поредокот во Првата женска кошаркарска лига на Македонија.
Крива Паланка, 9 февруари 2026 (МИА) - Домашниот табор на паланчанки, предводен од тренерот Виктор Петровски, уште од првата четвртина заигра силна одбрана што ја предводеа сениорките, потпомогнати од талентираните младинки кои редовно добиваат солидна минутажа во првиот тим, а ова беше основен предуслов заедно со промислената тактика во нападот, КК Крива Паланка да има контрола над резултатот во сите 40 минути од дуелот.
Во составот на паланчанки предводник беше тандемот Ниехуес-Алексовска на центарската и бековската позиција, со реалзииирани 37 од вкупно 63 поени на целито тим. Капитенот Алексовска реализираше 18 поени, од кои 12 од линијата 6.75, на кои придодаде и 5 асистенции, 5 скока и 2 украдени топки, додека Американката Аби Ниехуес на центарската позиција го заврши дуелот со дабл-дабл учинок, 19 поени и 13 скокови, како и одлична реализација од линијата за слободни фрлања од извонредни 70% ,т.е.7 од 10 слободни фрлања.
Во гостинскиот состав најистакнати поединци се двете засилувања , Јовановиќ од Србија, со 14 поени и Американката, Кајла Томас, која игра на центарската позиција,а го заврши мечот со двоен учинок, 18 поени и 12 скока.
Победата на КК Крива Паланка,единствениот женски сениорски кошаркарски табор од Североистокот, повторно ги донесе на врвот на табелата во Првата македонска женска кошаркарска лига, кадешто се позиционира со ист број поени, 22, како и ЖКК „Баскет Кам“,од Македонска Каменица, со оставрени 10 победи и 2 порази во досегашниот тек на првенството, но подобра кош разлика,
ЖКК „Басекет Кам“ во 12 коло што се одигра викендов, вчера на домашен терен беше поразен од ЖКК Вардар, а мечот заврши со релативно мал број поени на обете страни, со резултат 43:53 во корист на „вардарки“, а во гостинскиот табор најдобар учинок имаше Елена Тасевска, 16 поени.
Во останатите два натпревари од Првата Шпаркасе лајф лига се сретнаа ЖКК Бадел 1862 и ЖКК МЗТ Бела вода, дуел во кој „баделки“ остварија гостинска победа 76:65, а пак делчевчанки од КК „Патриот“ на домешан терен доминанти, со новите засилувања во таборот, го поразија ЖКК „Спорт тим“, Неготино со резултат 59:40.
По одиграни 12 кола КК Крива Паланка се први, ЖКК Баскет Кам се на второто место, трет е КК Вардар, додека „Бадел 1862“ се искачи на четвртото место, преминувајќи го „Пробасект“.
По одигрување на наредните две кола ќе се затвори вториот дел од натпреварувањето, по што претстои Купот на Македонија во женска конкуренција, чијшто домаќин е ЖКК Баскет Кам.
Инаку, КК Крива Паланка годинава е единствен преставник од Македонија во Меѓународната ВАБА 2 лига , кадешто е во игра за пласман во Ф4 ( финалната завршница) во конкуренција на силни тимови од Австрија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. иб/зс/
Фото: МИА