• петок, 20 декември 2024

Кијану Ривс: „Матрикс 4“ е прекрасна, чудесна приказна

Кијану Ривс: „Матрикс 4“ е прекрасна, чудесна приказна
Лос Анџелес, 9 јуни 2020 (МИА) - Кијану Ривс (55) се приклучил кон проектот „Матрикс 4“, оти „тоа е едно прекрасно сценарио и чудесна приказна“, како што самиот рече. Веќе некое време се знае дека глумецот ќе ја повтори својата улога на ликот Нео и во четвртиот филм на режисерско-сценаристичкиот двоец Лана и Лили Вачовски. Во „Матрикс 4“ се враќа и глумицата Кери-Ен Мос, која за американските медиуми изјави дека никогаш не очекувала оти ќе се случи четвртиот дел. Првиот филм беше прикажан 1999, а наредните две продолженија - во 2003 година. Засега нема информации дека и Лоренс Фишбурн, третиот член на славното тројство, ќе се врати во приказната. Филмот е засега во претпродукција.  си/ми/

Остани поврзан