• четврток, 26 декември 2024

Кишида: Јапонија не планира да стане членка на НАТО

Кишида: Јапонија не планира да стане членка на НАТО

Токио, 24 мај 2023 (МИА) - Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека неговата земја не планира да стане членка на НАТО, но потврди дека постои план Алијансата да отвори канцеларија за врски во Јапонија, пренесоа британските медиуми.

Изјавата на Кишида доаѓа откако јапонскиот амбасадор во Вашингтон претходно овој месец изјави дека воениот пакт предводен од САД планира да отвори канцеларија во Токио, прва од ваков вид во Азија, за да ги олесни консултациите во регионот.

Канцеларијата за врски ќе ја олесни комуникацијата на Алијансата со партнерите како што се Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд, првенствено во контекст на геополитичките предизвици како што се Кина и Русија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во јануари ја посети Јапонија и тогаш со премиерот Кишида вети зајакнување на врските во соочувањето со историските безбедносни предизвици, посебно осврнувајќи се на руската инвазија врз Украина и растечката воена моќ на Кина. сд/

Остани поврзан