• четврток, 26 декември 2024

Кишида: Абе е во „сериозна состојба“

Кишида: Абе е во „сериозна состојба“
Токио, 8 јули 2022 (МИА) - Премиерот на Јапонија Фумио Кишида го осуди нападот врз поранешниот претседател на владата Шинѕо Абе. Кишида наведе дека Абе е во „сериозна состојба“ откако денеска беше застрелан на предизборен митинг во градот Нара - Мотивот за нападот сè уште не е познат, рече Кишида. По атентатот нападот врз Абе веднаш е уапсен 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара. Напаѓачот е поранешен припадник на јапонската морнарица. Според неофицијални информации, атентатот е извршен со рачно изработен пиштол. Врз Абе беа истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот. Абе е јапонски премиер со најдолг стаж. Тој беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми. Абе беше наследен од неговиот партиски сојузник Јошиде Суга, а подоцна од Кишида. ми/

Остани поврзан