• сабота, 23 ноември 2024

Кичевски: Град Скопје е со блокирана сметка и се наоѓа пред банкрот

Кичевски: Град Скопје е со блокирана сметка и се наоѓа пред банкрот

Скопје, 21 март 2023 

Хаосот во Град Скопје од ден на ден е се поголем, а виновници за таквата состојба се градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, партијата што има мнозинство во Советот и во управните одбори на градските јавни претпријатија.

Поради нивната неспособност, Град Скопје е со блокирана сметка и се наоѓа пред банкрот.

И додека ВМРО-ДПМНЕ го игнорира овој проблем и не закажува вонредна седница на Советот, банкротот што доаѓа ќе значи и целосен распад на градот.

Многу извесно е дека во текот на летото ќе видиме како дел од јавните претпријатија доцнат со исплата на платите, а дел од нив воопшто нема да можат да исплатат плати на своите вработени.

За потсетување, градот Скопје и институциите во негова надлежност веќе доцнат со исплати кон добавувачите, но се очекува ситуацијата целосно да излезе од контрола и да следуваат низа тужби сѐ со цел да си ги наплатат средствата што јавните претпријатија ги должат.

Како последица од сето тоа ќе бидеме сведоци на се полоши услуги што овие јавни претпријатија ги даваат, градот ќе станува се позапустен и понечист.

Глетката на преполни и со денови неисчистени контејнери ќе биде секојдневие, но не затоа што немаат возила или луѓе,  туку заради тоа што нема да имаат средства да набават нафта.

Доцнењето на автобусите нема да биде главен проблем, туку вистинското прашање ќе биде дали воопшто ќе има автобуси по улиците, затоа што ЈСП веќе е доведено пред колапс, долгот кон дел од добавувачите надминува десетици милиони евра, но кога за краток период нема да може да исплати ниту плати на вработените најверојатно ќе се повтори штрајкот на вработените во ЈСП.

ВМРО ДПМНЕ и Данела Арсовска исполнија едно ветување од програмата, мостот на кој што стоиме денеска да биде наменет за рибарење, а за сметка на тоа скопјани со часови се заглавени во сообраќајниот метеж кој дополнително се создаде поради пожарот на мостот Беласица.

Сето ова почитувани е последица на неодговорното и расипничко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска.

Скопје и неговите граѓани не заслужуваат ваква неспособна градска власт.

 Васко Кичевски, претседател на Градска Организација СДСМ - Скопје

___________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан