• недела, 24 ноември 2024

Кицу: Романија ја испрати првата донација вакцини на Молдавија

Кицу: Романија ја испрати првата донација вакцини на Молдавија
Букурешт, 28 февруари 2021 (МИА) - Романија ја испрати својата прва донација вакцини против Ковид-19 од „АстраЗенека“ на соседна Молдавија за да ги заштити лекарите кои работат со заразените, најави премиерот Флорин Кицу. - Романија ги исполнува своите ветувања ... Денеска ги испорачуваме првите дози, 21.600 вакцини на „АстраЗенека“. Ова е прва серија од вкупно 200.000 што ги нудиме како хуманитарна помош", напиша Кицу на својот профил на Фејсбук. Тој додаде дека остатокот ќе следи во наредните месеци. Молдавската медицинска агенција во петокот објави дека ја одобрила руската вакцина „Спутник V“, и покрај тоа што претседателката на Молдавија, Маја Санду, рече дека не може да биде регистрирана се додека Светската здравствена организација не го стори тоа. паг/

Остани поврзан