Кисум повеќе не е дел од Еурофарм Пелистер
- Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер и данскиот интернационалец Каспер Кисум постигнаа спогодба за раскин на соработката.
Битола, 21 декември 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер и данскиот интернационалец Каспер Кисум постигнаа спогодба за раскин на соработката.
- Во новата 2024 година еден од хероите од сезоната 2022/23 ќе настапува за друг клуб. 31-годишниот лев и среден бек остави силна трага во дресот на нашиот клуб и има големи заслуги за освојувањето на титулата минатата сезона. Со неговата професионалност и неспорен квалитет клубот доби големи придобивки во неговиот едногодишен престој во Битола и вратите од нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за Каспер Кисум. РК Еурофарм Пелистер му посакува приватни и професионални успеси на Каспер Кисум, соопшти битолскиот клуб.
Во првиот дел од сезоната Кисум постигна 12 голови во Лигата на шампионите, а редовно го носеше зелено-белиот дрес и во Суперлигата. зс/
Фото: Еурофарм Пелистер