• недела, 10 ноември 2024

Кисум и следната сезона останува во Еурофарм Пелистер

Кисум и следната сезона останува во Еурофарм Пелистер

Битола, 8 јуни 2023 (МИА) - Ни причинува особено задоволство што уште еден член на шампионската генерација на РК Еурофарм Пелистер се одлучи за го продолжи своето спортско патување со нас. Данскиот интернационалец Каспер Кисум го продолжи договорот со нашиот клуб за уште една сезона, што е јасен показател за задоволство и хармонија по само неколку месеци во Македонија, објави вечерва македонскиот ракометен првак.

 

Триесетгодишниот Кисум на почетокот од годината пристигна во Битола и даде голем придонес во пролетниот дел на сезоната., посебно во натпреварите од плејофот на Суперлигата. 

 

Поранешниот ракометар на Сондејиске мина низ многу етапи во кариерата, играше и за Хановер Фленсбург во Бундеслигата и Тулуз во француското првенство.

 

Еурофарм Пелистер почетокот на подготовките за новата сезона го закажа за 19 јули. зс/

Остани поврзан