• четврток, 26 декември 2024

Кисинџер: Втората студена војна може да биде поопасна од првата

Кисинџер: Втората студена војна може да биде поопасна од првата

Мадрид, 26 март 2023 (МИА) - Втората студена војна може да испадне поопасна од првата, предупредува поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју за Мундо објавено синоќа.

- Оваа втора студена војна би можела да започне меѓу САД и Кина, предвидува поранешниот државен секретар.

Според Кисинџер, една од причините зошто Втората студена војна може да се покаже поопасна од првата е фактот што Кина и САД имаат споредливи економски ресурси - нешто што, според поранешниот државен секретар, не било присутно во Првата студена војна. 

Вашингтон и Пекинг имаат заедничка обврска да спречат катастрофален судир, истакнува Кисинџер. ссм/

Остани поврзан