• среда, 25 декември 2024

Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата

Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) - Општина Кисела Вода и годинава субвенционира набавка на пелети и огревно дрво  за домаќинствата.  Денеска на општинската веб-страница е објавен јавниот повик за двата типа на поддршка кои на жителите од овој дел на градот треба финансиски да им помогне во подмирувањето на сметките за загревање на домот. 

Согласно наведените критериуми, информираа од Општината, субвенционирањето за кофинансирање за набавка на пелети за домаќинствата ќе биде во износ од 50 проценти од вредноста, но не повеќe од 10.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход.

- Притоа, потребно е да се достави доказ дека е извршено купувањето на пелетите, од 01.01.2024 година до завршување на јавниот повик, со приложување на фискална сметка или фактура и извод од деловна банка за извршена уплата во оригинална форма. Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените средства за оваа намена во Буџетот на Општина Кисела Вода, а најдоцна до 31.10.2024 година. Подетални информации околу субвенциите за набавка на пелети, заинтересираните можат да добијат на следната мејл адреса : kirju.nikoloski@kiselavoda.gov.mk, велат од Општина Кисела Вода. 

Во однос на поддршката за набавка на огревно дрво, Општина Кисела Вода ќе субвенционира по 500 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар кубен дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри дрва или по 350 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар просторен (1 метар просторен) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 14 метри просторни (14 метри просторни) дрва за огрев за жителите на општина Кисела Вода, појаснуваат од Општината.

Право на учество за користење на субвенции за купување на дрва за огрев ќе имаат граѓаните кои купиле дрва за огрев од 1 април годинава до денот на објавување на јавниот повик.  

-И за оваа субвенција потребен ќе биде доказ кој ќе биде доставен во форма на потврда, испратница или останат документ (фотокопија) кој го потврдува купувањето/добивањето на дрвата за огрев за веродостоен ќе биде со датум од 1 aприл 2024 година и тој ќе се поднесува заедно со потребната документација во затворен плик преку Архивата на општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката. Подетални информации околу субвенциите за набавка на дрво за огрев, заинтересираните можат да добијат на телефонскиот број 02/2785-427, се вели во денешното соопштение од Општина Кисела Вода. 

И за двата повика, селекцијата ќе се врши по принципот „прв дојден-прв услужен“. Целата потребна документација за аплицирање и сите дополнителни информации се достапни на веб страната на Општина Кисела Вода. сст/бак

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан