• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кисела Вода донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Кисела Вода донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Скопје, 19 март 2025 (МИА) - Општина Кисела Вода ќе донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Одлуката била донесена едногласно, на денешната вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода.

Седницата на Советот започнала со едноминутен молк во чест на загинатите во трагедијата.

- Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите, со сите кои загубија свои најблиски, како и со повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување. Ова е незамислива и ненадоместлива загуба за целото општество. Во знак на сочувство и солидарност, Општина Кисела Вода донесе едногласна одлука да донира еден милион денари за семејствата на настраданите. Ова е само мал гест на поддршка, но во овие моменти е многу важно да бидеме обединети, да си помагаме и да се грижиме едни за други. Нека почиваат во мир сите што ги загубија животите, а нивните семејства нека најдат сила да ја пребродат оваа огромна болка, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, соопштија од Општина Кисела Вода. цр/дма/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан