• среда, 18 декември 2024

Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен

Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен

 

Бризбејн, 15 ноември 2024 (МИА) – Австралискиот тенисер Ник Кирјос денеска најави дека ќе се врати на теренот и ќе настапи на турнирот во Бризбејн кој започнува на 29 декември.

Поради проблеми со повредите на коленото и зглобот, Кирјос за повеќе од две години одигра само еден АТП натпревар, во 2023 година на турнирот во Штутгарт.

„Се чувствувам фит и здрав и возбуден сум што ќе се вратам на тенисот … Беше долг пат на закрепнување за да бидам таму каде што сум денес“, рече Кирјос на прес-конференција во Бризбејн.

Неговите здравствени проблеми почнаа шест недели откако играше во финалето на Вимблдон и загуби во четири сета од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Искрено, веројатно се чувствувам најдобро што сум се чувствувал во последните две години. Играв неверојатно во 2022 година. Потоа дојде финалето на Вимблдон и УС Опен и тогаш почнав да чувствувам некои проблеми со зглобот. Имав операција и сега се чувствувам одлично“, рече Кирјос.

Кирјос во моментов нема пласман на АТП листата на која беше најдобро рангиран на 13. место.

Досега во кариерата австралискиот тенисер освои седум АТП титули. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан