• четврток, 26 декември 2024

Кирил Петков објави донаторска кампања за Украина

Кирил Петков објави донаторска кампања за Украина
Софија, 25 април 2022 (МИА/БТА) – Со пост на својот профил на Фејсбук премиерот Кирил Петков објави дека почнува јавна кампања за собирање финансиски средства кои ќе и бидат доставени на украинската влада. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. Испраќањето воена помош за Украина бара политичко, но и општествено единство. Во јавниот простор има многу екстремни мислења на оваа тема. Мислам дека е време оваа јавна енергија да ја претвориме во вистинска акција, посочи Петков. Тој додаде дека ќе продолжи да работи за тоа Бугарија да има единствен став врз основа на информиран избор. Следната недела ќе свикам коалициски совет и ќе организирам патување во Киев. Воената помош не е задолжителна во една од двете крајности – не е само гранати или шлемови. Да ги разбереме вистинските потреби на Украина и информирано како коалиција да се обединиме околу важните за нив конкретни потреби зад кои сите можеме да застанеме, напиша бугарскиот премиер. Германија, Франција, Италија, Полска, Холандија, Австрија, Грција, Шведска, Белгија, Финска, Данска, Романија, Норвешка, Хрватска, Чешка, Ирска, Литванија, Луксембург, Естонија, Словенија, Словачка, Кипар и Летонија испраќаат воена помош за Украина и тоа не води кон објава на војна против нив, посочи премиерот. Додека не го постигнеме тој политички консензус, како граѓани на Бугарија кои веруваат дека никој во Европа нема право да ги напаѓа соседите и да убива цивили, можеме слободно да избереме финансиски да и помогнеме на Украина за набавка на муниција, повика Кирил Петков. И изјави дека започнува јавна кампања за собирање финансиски средства кои ќе бидат доставени на украинската влада. Го повикувам секој бугарски граѓанин кој навистина сака да и помогне на Украина да донира како мене една плата. Зборовите се лесни, делата се тешки, време е објавите на Фејсбук да се претворат во средства за Украина. Државата сме сите ние и секој треба да се чувствува дека може да биде дел од решението, истакна Кирил Петков. _________________________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан