• среда, 27 ноември 2024

Кирил Петков: Нема да коалицираме со ГЕРБ и ДПС

Кирил Петков: Нема да коалицираме со ГЕРБ и ДПС
Софија, 2 октомври 2022 (МИА) - Копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков коментира дека нема да коалицираат со ГЕРБ, која победи на парламентарните избори во Бугарија, како и со Движењето за права и слободи, јави дописникот на МИА од Софија. Асен Василев, копретседател на партијата ја честиташе победата на ГЕРБ-СДС и го призна поразот, велејќи дека тоа е избор на бугарскиот народ. ГЕРБ, според Василев, треба да ја преземе својата политичка одговорност. „Продолжуваме со промената“ ќе биде опозиција на оние кои победија на изборите во Бугарија, користејќи ги парламентарните можности. нк/ссм/

Остани поврзан