• четврток, 26 декември 2024

Кирил Петков им се заблагодари на властите во Скопје за приведениот извршител на потпалувањето на културниот центар „Иван Михајлов“

Кирил Петков им се заблагодари на властите во Скопје за приведениот извршител на потпалувањето на културниот центар „Иван Михајлов“
Софија, 7 јуни 2022 (МИА/БТА) - Го поздравувам откривањето на извршителот на потпалувањето на културниот центар на македонските Бугари во Битола. Тоа го напиша Кирил Петков на официјалната страница на Министерскиот совет на Фејсбук. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.    - Им благодарам на властите на Република Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за нивните ефикасни дејствија, кои во максимално кус рок го пронајдоа потпалувачот. Категорично нема да подлегнуваме на провокации, што имаат за цел да ги саботираат односите меѓу соседите, посочи бугарскиот премиер. За приведениот извршител денеска соопшти на социјалните мрежи Оливер Спасовски, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија. Според него, извршителот сам го признал делото. Потпалувањето на влезната врата на канцеларијата на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола беше извршено во раните утрински часови на 4 јуни. БТА _________________________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан