• сабота, 27 јули 2024

Кире Лазаров најави пензија

Кире Лазаров најави пензија
Нант, 2 јули 2020 (МИА) - Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров ја игра последната сезона во својата кариера, објави тој во интервју за „Вечерњи лист“. - Имам договор на уште една година и мислам дека тоа ќе биде крајот, нема повеќе смисла. Ќе останам во спортот како тренер, изјави Лазаров. Тој потврди дека до крај ќе биде на располагање за нашата репрезентација. - Кога веќе играм за Нант ќе играм и за македонската репрезентација, посочи бекот.

Остани поврзан