• четврток, 26 декември 2024

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот
Бишкек, 29 април 2021 (МИА) - Министерство за надворешни работи на Киргистан денеска соопшти дека е договорен прекин на огнот со Таџикистан по вооружениот граничен судир, при што едно лице загина, а 32 се повредени. - По разговорите на министрите за надворешни работи на двете земји договорено е примирје, што ќе стапи во сила во 20 часот по локално време, како и повлекување на војниците, се наведува во соопштението на киргистанското МНР. Најавата за примирје уследи по неклолкучасовниот вооружен судир во таџикистанската енклава Ворух во Киргистан, зона на постојани тензии поради пристапот до вода помеѓу двете поранешни советски републики. ми/

Остани поврзан