• четврток, 26 декември 2024

Киргистан ги откажа воените вежби на своја територија со учество на Русија и Таџикистан

Киргистан ги откажа воените вежби на своја територија со учество на Русија и Таџикистан
Бишкек, 9 октомври 2022 (МИА) - Министерството за одбрана на Киргистан ги откажа претстојните командно-штабни вежби на Организацијата на Договорот за колективна безбедност „Нераскинливо братство - 2022“ на територијата на земјата, објави киргистанската новинска агенција 24.кг. Причините за одлуката не се соопштуваат. Како што наведува агенцијата, маневрите требаше да се одржат во периодот од 10. до 14 октомври во базата Еделвајс. На нив требаше да учествуваат мировни сили од Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан. Маневрите „Нераскинливо братство“ се одржуваат од 2012 година. паг/    

Остани поврзан