• среда, 25 декември 2024

Кирби: САД немаат утврдено чија е вината за уривањето на браната 

Кирби: САД немаат утврдено чија е вината за уривањето на браната 

Вашингтон, 6 јуни 2023 (МИА) - САД не негираат дека руските сили може да се одговорни за уривањето на браната Нова Каховка но сеуште немаат утврдено чија е вината за тоа, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност во Белата куќа. 

-Знаеме само дека има многу жртви и исто така многу загинати. Иако ова се рани извештаи и неможеме да специфицираме. Руските сили лани незаконски ја презедоа браната (и електростаницата) и незаконски ја окупираат, рече тој. 

Додаде дека САД прават колку што можат да се оценат овие извештаи. 

-Работиме со Украинците да се соберат повеќе информации. Но не можеме да кажеме конкретно што се случило, изјави Кирби. 

-Тоа што е јасно е дека штетата за украинскиот народ е значителна. Браната обезбедува вода како за наводнување на регионот и за наводнивање на Крим, така и за хидроелектраната но и за нуклерната централа Запорожје, рече тој и додека дека САД со олеснување ја примиле веста од директорит на Меѓународната атомска агенција дека нема непосреден ризик по безбедоста на таа централа. кб/   

Остани поврзан